СКОПЈЕ И ПАРИЗ СЕ ПОВРЗУВААТ СО ДИРЕКТНА АВИОЛИНИЈА Наскоро ќе има летови и за Барселона и Лион

„Turkish Airlines“ ќе воспостави 4 редовни летови неделно меѓу Истанбул и Охрид, што, според генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт,, претставува одлична можност за жителите на регионот да патуваат до Турција и пошироко, но и шанса за турските туристи да ја откријат Македонија како атрактивна дестинација за одмор.

2,282

Од среда Скопје и Париз се поврзуваат со директна авиолинија, а како што посочува генералниот директор на „ТАВ Македонија“, Неџат Курт, со слетувањето на авион на „ЕasyJet“ од аеродромот „Орли“ во Париз на Меѓународниот аеродром „Скопје“ ќе продолжи ширењето на мрежата на летови.

– Ќе го пречекаме првиот лет на „ЕasyJet“ до Меѓународниот аеродром „Скопје“, од аеродромот „Орли“ во Париз, што е важно поради 2 работи. Првата е дека аеродромот „Орли“ во Париз е управуван од групацијата АДП (Groupe ADP), групација во која „ТАВ Аеродроми“ се членка, а втората важна работа е дека од 2 април патниците на Скопскиот аеродром ќе имаат бенефит да патуваат до еден од најфреквентните аеродроми во Франција, кој нуди бројни домашни и европски летови – истакна Курт за весникот Вечер.






Следните нови линии што ќе бидат воведени од Меѓународниот аеродром „Скопје“, од 3 мај, се Барселона и Лион, двете со авиокомпанијата „Визер“, посочи Курт.

Тој потсети дека минатата недела на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ беше дочекан првиот лет од Истанбул на турскиот национален авиопревозник „Turkish Airlines“ и оцени дека оваа линија ќе донесе значителни придобивки не само за аеродромот, туку и за целиот охридски регион и македонската економија.

„Turkish Airlines“ ќе воспостави 4 редовни летови неделно меѓу Истанбул и Охрид, што, според Курт, претставува одлична можност за жителите на регионот да патуваат до Турција и пошироко, но и шанса за турските туристи да ја откријат Македонија како атрактивна дестинација за одмор.

Курт исто така потсети дека на 2 март, на скопскиот аеродром беше дочекан првиот лет на новата авиокомпанија „Transavia“, која воспостави линија до Амстердам. Оваа компанија е дел од групацијата „KLM-Air France“ и сообраќа до аеродромот „Шипхол“, главниот холандски авијациски центар.

Со стартот на летниот ред на летање, кој стапи во сила на 30 март, скопскиот аеродром ќе поврзува 47 дестинации преку 16 авиокомпании (без чартер-летовите), додека од охридскиот аеродром оваа сезона ќе има 7 редовни линии, опслужувани од шест авиокомпании.

Поврзани содржини