СКОПЈАНЕЦ И СТРАНЕЦ ЗАГИНАА ВО ТЕШКА НЕСРЕЌА НА МАГИСТРАЛАТА ПРИЛЕП-БИТОЛА Директно се судриле камион и автомобил

Во сообраќајната несреќа е повреден странски државјанин, кој итно е пренесен на лекување во ЈЗУ Клиничка болница Битола.

703

Две лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во тешка сообраќајна несреќа што денеска напладне се случи на магистралниот пат А3 што го поврзува градовите Битола и Прилеп.

Во сообраќајката на влезот во Битола учествувале камион и патничко моторно возило. Во  директниот судир на лице место животот го загубиле едно лице од Скопје и едно лице странски државјанин. Повреден е странски државјанин кој итно е пренесен на лекување во ЈЗУ Клиничка болница Битола.






Екипи на СВР Битола и Јавен обвинител се на терен и ги истражуваат причините за несреќата. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат Битола-Прилеп.

Поврзани содржини