Скандал во војската во Хрватска: Војници на специјалните единици позитивни на дрога

Случаите засега не се поврзани, а против сите ќе биде поведена дисциплинска постапка, потврдиле од Министерството за одбрана.

657

Во два одделни теста за дрога во хрватската специјална единица и воената полиција откриени пет војници позитивни на дрога, објави хрватската телевизија Нова.

Војниците биле тестирани без претходна најава.






Во првото тестирање позитивни на дрога биле четворица специјалци и припадници на командата на Специјалните сили на хрватската армија. Според неофицијални информации, станува збор за кокаин.

Во второто тестирање, позитивен бил уште еден припадник на воената полиција, кој работел на обезбедување на повеќето настани, заедно со воениот и државниот врв.

Случаите засега не се поврзани, а против сите ќе биде поведена дисциплинска постапка, потврдиле за телевизијата од Министерството за одбрана.

Нема повеќе детали од истрагата која се води за овој скандал. Засега нема потврда дали војниците ја користеле дрогата за работно време, како ја набавувале дрогата и дали некој од нив шверцувал дрога во воените кругови.

 

Поврзани содржини