Обезбедете чиста вода дома со технологијата што ја користи и НАСА

Во двата врвни пречистувачи на вода „One“ и „Zero“ е вградена иновативна данска технологија, а може да се набават и во Македонија преку овластениот застапник, компанијата „Ецотип“.

266

Природата е најнапредната лабораторија во светот, а природните процеси се најефикасни при решавањето различни проблеми во секојдневниот живот. Копирајќи ги процесите кои се одвиваат во природата за пречистување на водата, данските инженери го конструираа „Aquaporin“ најнапредниот пречистувач кој обезбедува чиста вода исто како во природата.

Технологијата на „Aquaporin“ се базира на истоимениот протеин што го содржат сите живи клетки, кој го овозможува трансферот на водата низ мембраните дозволувајќи да помине само водата, но не и штетните материи. Оваа технологија е толку напредна, што вселенскиот центар НАСА ја вгради во своите летала за да обезбеди најефикасна филтрација, пречистување и одново искористување на водата и останатите течности. Така, членовите на вселенските мисии на НАСА постојано имаат чиста и здрава вода за пиење, без штетни честички, вируси, бактерии и други микроогранизми. Во исто време, со технологијата на „Aquaporin“ се пречистуваат и отпадните течности во вселенските летала, со што повторно безбедно може да се употребуваат за време на вселенската мисија.






Следејќи ги потребите на луѓето ширум светот да пијат најквалитетна и здрава вода, но и да се справат со непотребното трошење на водата, „Aquaporin“ ја прилагоди својата технологија за користење и во домашни услови. Оваа компанија создаде два врвни пречистувачи на вода, „One“ и „Zero“, во кои е вградена иновативната данска технологија и кои може да се набават и во Македонија преку овластениот застапник, компанијата „Ецотип“.


Пречистувачoт „One“

Пречистувачите на вода „One“ и „Zero“ овозможуваат низ славините во домот да тече само безбедна и чиста вода со одличен вкус, пречистена од бигор и од останатите штетни материи. Многу лесно се монтираат под секој мијалник, не зафаќаат простор, а нивниот елегантен дизајн овозможува да се вклопат во секоја кујна. Пречистувачот „Aquaporin Zero“ работи без приклучок на електрична енергија и обезбедува вода од чешма без бигор, пестициди, вируси и бактерии. Пречистувачот „Aquaporin One“ овозможува висок, континуиран проток на пречистена вода дури и во услови на низок притисок, со што во голема мера се намалува количеството на отпадна вода и се намалуваат трошоците.


Пречистувачoт „Zero“

Повеќе информации за пречистувачите One“ и „Zero“ може да најдете на следниот линк или во концепт-продавницата на Ецотип“ на улица Орце Николов бр. 202/3-1 во Скопје.

Поврзани содржини