СИ ЏИНПИНГ ЌЕ ГИ ПОСЕТИ САД НА ПОКАНА ОД ТРАМП Наесен возвратна државна посета
Трамп го покани кинескиот претседател во државна посета на САД на 24 септември.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во САД во државна посета наесен годинава по покана на неговиот американски колега Доналд Трамп, соопшти денеска министерот за надворешни работи на Кина, Ван Ји.
Како што пренесе агенцијата Синхуа, Трамп го покани кинескиот претседател во посета на Белата куќа на 24 септември.
Поканата беше упатена за време на банкетот што Џинпинг го организираше во чест на Трамп во Пекинг.