🎥НАСКОРО ЌЕ СЕ ВОЗИ ПО МОСТОТ ЗА КОЈ БЕА ПОТРОШЕНИ 6,2 МИЛИОНИ ЕВРА Привршува изградбата на улицата Љубљанска, по 3 години застој
Проектот кој со години беше во застој, конечно влегува во завршница, најави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Со силно темпо се одвиваат градежните работи од финалната фаза за поврзување на улицата Љубљанска во Карпош со улицата Скупи преку новиот мост на Вардар, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Проектот кој со години беше во застој, конечно влегува во завршница. Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани“, објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Скопје нема време за застои и за изговори, се работи на откочување на проекти и на интензивирање на теренските активности со цел подобрување на функционалноста на градот, додаде тој.
Градоначалникот објави видео од изградбата на улиците, со што конечно овој мост ќе се стави во функција.
Мостот почна да се гради во 2021 година, а беше завршен во 2023 година, но остана неповрзан со улици.
Изградбата на мостот чинеше 6,2 милиони евра.