ШТО МУ РЕКОЛ ДИДИ НА КАНЈЕ ВЕСТ ВО ТЕЛЕФОНСКИОТ РАЗГОВОР ЗА КОЈ НЕ ЗНАЕЛ ДЕКА СЕ СНИМА „Внимавај, ми требаш таму“
Американските рапери Канје Вест и Шон Комбс Диди се поддржуваат еден со друг, дури и додека Диди е во затвор. Неодамна на социјалните мрежи се рашири снимка од телефонски разговор кој Диди го имал од затворот со Вест.
Американските рапери Канје Вест и Шон Комбс Диди се поддржуваат еден со друг, дури и додека Диди е во затвор. Неодамна на социјалните мрежи се рашири снимка од телефонски разговор кој Диди го имал од затворот со Вест.
Во нивниот разговор, кој бил снимен на непознат датум и наводно без знаење на Комбс, според „Њујорк пост“, Диди постојано го фалел и го поддржувал Канје. Диди му се обраќа на Канје со мотивациони зборови во разговорот: „Кога ќе излезам одовде, сакам да те видам како се растураш на стадионите. Треба повторно да те видам на таа сцена, како пееш, настапуваш, сето тоа. Сонувам за тоа човече”.
Во продолжение на разговорот, Диди, меѓу другото, го предупредува Канје за „опасностите што го опкружуваат“.
„Ти кажувам директно, од првата линија. Ова г…а се лоши, лоши, лоши. Внимавај. Нема ништо што можеш да направиш… Ми требаш таму, ме слушаш ли?” На што Канје одговара: „Те слушам. Да, господине“.
„Забавувај се малку зад микрофонот, забавувај се, врати ја својата насмевка. Кој ги врти другите кучки. Тие губат време. Ти го губат времето. Насочи ја љубовта кон себе и уживај“, му вели Диди на Канје.
Канје потоа заклучик дека е време повторно да го земе микрофонот.
„Повторно ја сакам музиката“, рекол тој..
„Ќе имаме години и децении да се бориме со овие гејови. Сега уживај во твојот живот. Ова доаѓа од мене, од Бог до тебе. Уживај во животот. Вљуби се како кога создаваше ритами. Забавувај се добро и кажи му на светот и на луѓето нека одат по ѓаволите“, му рекол Диди.
Тој зборувал и за тоа како се чувствувал во затворот.
Осврнувајќи се на своите повеќекратни кривични пријави кои може да резултираат со повеќе од 15 години зад решетки, Комбс рекол: „Ова е е…о тажно. Јас, Паф Деди (тато), јас сум во затвор. Кога ќе излезам и ќе ја добијам таа слобода… Не ми е гајле за ништо друго освен да бидам среќен. Сакам и ти да го почувствуваш тоа“.
Во интервјуто, Диди се нарекува себеси „Паф тато“, потсетувајќи се на неговите почетоци и коментира: „По ѓаволите, тажен сум што сум овде“.
Подоцна, Диди му се заблагодари на Канје што се грижи за неговите деца. Диди има седум деца: Квинси (33), Џастин (30), Кристијан (26), Ченс (18), близначките Д’Лила и Џеси (17) и најмладата ќерка Лав (1).