ШПИОН НА ПУТИН ЈА УКРАЛ ФОРМУЛАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“? Британски медиуми пишуваат дека вакцината „Спутник V“ е плагијат
Според безбедносните извори кои отворено говорат за „Daily Mail“, московскиот шпион успеал да ја украде формулата за вакцината, иако не е познато дали документот бил во оксфордската лабораторија или во фабрика на компанијата „АстраЗенека“, како и дали шпионот успеал да прошверцува шишенце со вацината во Русија за понатамошни испитувања.
Британските медиуми ја обвинуваат Русија дека искористила шпион за да ја украде формулата за вакцината „АстраЗенека“ против коронавирусот, а тоа го сторила со цел Владимир Путин да може да направи своја „Спутник V“ вакцина и Русија да биде првата земја која произвела ефикасна вакцина против ковид-19.
Според безбедносните извори кои отворено говорат за „Daily Mail“, московскиот шпион успеал да ја украде формулата за вакцината, иако не е познато дали документот бил во оксфордската лабораторија или во фабрика на компанијата „АстраЗенека“, како и дали шпионот успеал да прошверцува шишенце со вацината во Русија за понатамошни испитувања.
Министерот за внатрешни работи Дејмијан Хајндс не сакал да ги коментира овие наводи.
– Фер е претпоставката дека постојат некои странски земји кои постојано се обидуваат да дојдат до чувствителни податоци, вклучувајќи комерцијални и научни тајни – извјавил Хајндс.
Шпионите на „МИ5″ претходно навеле дека руските хакери од март 2020 година неколку пати се обиделе да изведат хакерски напади на Оксфорд. Во тоа време, британските научници најавиле дека Универзитетот Оксфорд и „АстраЗенека“ почнале да работат на вакцина против ковид-19.
Во април минатата година, Оксфорд и „АстраЗенека“ соопштиле дека почнуваат со првите тестирања на луѓе. Еден месец подоцна се огласила и Москва, тврдејќи дека развила своја вакцина, за во август Путин во телевизиско обраќање да им каже на Русите дека нивната земја победила во трката за вакцина и ја произвела првата против коронавирус.
Подоцна, наведува британскиот таблоид, се покажало дека „Спутник V” функционира на истиот начин како и британската вакцина. Ова се векторски вакцини, што значи дека користат други вируси за да извлечат имунолошки агенс кој го уништува коронавирусот.