ШЕФОТ НА ЦИА ЏОН РЕТКЛИФ ВО РЕТКА И ЗАГАДОЧНА ПОСЕТА НА МОСКВА По последната таква посета на првиот човек на ЦИА на Русија – изби војната во Украина!

Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот. Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија дека Ретклиф ќе ја посети Русија.

0

Авион за кој се претпоставува дека го превезува директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска полета од Москва, покажуваат податоците на веб-страницата за следење летови „Флајтрадар24“ (Flightradar24).

Американските и руските власти засега не ја коментираа информацијата за летот и не потврдија дали Ретклиф бил во авионот.






Претходно, медиумите „Си-Би-Ес њуз“ и „Аксиос“ известија дека Ретклиф ќе ја посети Русија. Тој ја предводи ЦИА за време на мандатот на американскиот претседател Доналд Трамп, а во неговиот прв претседателски мандат ја вршеше функцијата директор на националното разузнавање. Медиумите не прецизираа со кого се сретнал Ретклиф ниту, пак, за кои теми се разговарало.

Ова би била прва позната посета на шеф на американското разузнавање на руската престолнина откако претходникот на Ретклиф, Вилијам Барнс, разговараше со рускиот претседател Владимир Путин во ноември 2021 година. Околу три месеци по таа средба, Русија ја започна инвазијата врз Украина.

📽️ 📷 МИСТЕРИОЗЕН АМЕРИКАНСКИ АВИОН СЛЕТА ВО МОСКВА, ПА СЕ ПОЈАВИ И КОНВОЈ НИЗ ГРАДОТ Од Кремљ велат дека не знаат ништо, молчи и Вашингтон

 

Поврзани содржини