МАКЕДОНСКИТЕ БОРАЧИ СО 3 МЕДАЛИ ВО ТАРАНТО Хајдари и Вејсели сребрени, Магомедов бронзен

Реџеп Хајдари загуби од Даурен Куруглиев со 0-6 во финалето до 97 килограми. Македонското борење стигна до 2 сребра и 1 бронза.

0

Македонскиот борач Реџеп Хајдари освои сребрен медал на Медитеранските игри во Таранто. Во финалето во категоријата до 97 килограми загуби од Даурен Куруглиев од Грција со 0-6.

Хајдари претходно го обезбеди финалето со победата над Французинот Адлан Вишканов со 3-2.






До медалот стигна откако во групната фаза забележа победа и пораз. Токму Куруглиев го совлада и во таа фаза од натпреварувањето.

Македонија така стигна до 3 медали во борење во Таранто. Фати Вејсели исто така освои сребро, а Ахмад Магомедов бронза.

Вејсели во финалето до 74 килограми загуби од Ислам Дудаев од Албанија со 0-4. Магомедов го освои бронзениот медал во категоријата до 86 килограми со победа од 10-0 над Италијанецот Габриеле Николини.

Поврзани содржини