ШАКИРА ИСПРАТИ ЕМОТИВНА ПОРАКА ЗА СВОИТЕ СОНАРОДНИЦИ „Во вакви времиња, ние Колумбијците знаеме како да се обединиме и да се поддржуваме“

Сакана Колумбијо, моето срце е со сите што го почувствуваа овој земјотрес денес и со семејствата што минуваат низ мачни моменти - напиша Шакира на социјалните мрежи откако нејзината земја ја погоди силен земјотрес.

0

Откако силен земјотрес ја погоди покраината Чоко во Колумбија, на социјалните мрежи се огласи колумбиската пејачка и светска ѕвезда Шакира.

– Сакана Колумбијо, моето срце е со сите што го почувствуваа овој земјотрес денес и со семејствата што минуваат низ мачни моменти.






Во објава на социјалната мрежа Икс, пејачката напиша дека нејзините мисли се со сите граѓани погодени од катастрофата и со семејствата на жртвите.

Таа ги повика своите сонародници да се здружат и да си помогнат едни на други.

– Во вакви времиња, ние Колумбијците знаеме како да се обединиме и да си поддржиме едни на други. Сета моја сила и љубов кон мојата татковина. Ајде цврсто да се прегрнеме и да ги следиме упатствата за да можеме да помогнеме што е можно поскоро – напиша Шакира.

 

Поврзани содржини