🎥 АЛЕКСАНДРА ПРИЈОВИЌ НЕ ЈА ПУШТИЛЕ ВО РЕСТОРАН НА ХВАР Хостесата не знаела дека пред неа е една од најголемите регионални ѕвезди

Пејачката со семејството сакала да седне на пијалак во еден ресторан на Хвар, но хостесата на влезот им објаснила дека ресторанот во тој период прима гости само за вечера. Вработената која немала поим кој стои пред неа, подоцна ја раскажала случката на Тик-Ток

9

Александра Пријовиќ овие денови ужива со семејството на Хвар, а деновиве сите зборуваат за тоа што ѝ се случило кога таа, нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ и нивните деца сакале да седнат на пијалак во еден ресторан. Хостесата која ги пречекала на влезот едноставно не знаела кого има пред себе, а во ресторанот во тој период не примале гости кои сакаат да седнат само на пијалак, па ги одбила.

Таа подоцна ја раскажала целата случка во видео на Тик-Ток, признавајќи дека воопшто не ѝ обрнала посебно внимание на познатата двојка.






Кога Филип ја прашал дали можат само накратко да седнат и да се напијат нешто, таа им објаснила дека е време за вечера и ги упатила кон блиските кафулиња каде што можат да седнат ако сакаат само пијалак. Во тој момент, како што раскажала, повеќе ѝ го привлекле вниманието нивните деца, кои ѝ биле „преслатки“.

Дознала кого одбила дури откако си заминале. Еден од гостите во ресторанот ја прашал што сакала жената која штотуку ја вратила од влезот, а кога таа се зачудила зошто го интересира тоа, ѝ кажал: затоа што е тоа Александра Пријовиќ.

Запрепастената хостеса ја објасни целата ситуација во видеото на Тик-Ток и се пошегува на своја сметка.

Таа ѝ испрати јавна покана на пејачката повторно да дојде во ресторанот: Пријо, те молам, дојди утре на пијалак. Јас ќе платам.

Видеото стигнало и до Александра, која покажа дека воопшто не се налутила поради случката. Напротив, ѝ одговара: Хахахахаха. Не се налутив! Се гледаме во некоја друга прилика. П.С. Јас честам!

@krndeljicaa_2

#fyp #balkantiktok #sezona

♬ izvorni zvuk – Krndeljicaa

Александра Пријовиќ ја нарекуваат и „единствената фолк дива од новата генерација“. Таа ја стекна популарноста откако се пласираше на четвртото место на телевизиското музичко реалити шоу „Ѕвезде Гранда“.

Во 2018. Александра се омажи за Филип Живојиновиќ, син од првиот брак на Слободан (Боба) Живојиновиќ, поранешен тенисер и сопруг на Лепа Брена.

Поврзани содржини