Села: Не треба паничиме, состојбата со коронавирусот ќе помине
Ова е вирус и последиците од овој вирус не се различни од оние со кои сме се соочиле минатите години во време на сезонски грип.
Претседателот на партијата Алијанса на Албанците, Зијадин Села по завршувањето на лидерската средба во Владата рече дека нема потреба од паника и дека оваа ситуација со коронавирусот ќе помине.
– Ова е вирус и последиците од овој вирус не се различни од оние со кои сме се соочиле минатите години во време на сезонски грип. Секогаш како последица на сезонски грип завршиле во болница хронично болни пациенти на кои им се комплицира состојбата – изјави Села.
Тој потенцираше дека нема потреба од паника во овој момент, но порача дека сите треба да бидат солидарни и упати апел до фармацевтите да не ја злоупотребат оваа состојба.
– Ова ситуација ќе помине. Како лидери на партија се договоривме дека ќе ги следиме препораките, но не се сметам дека се разликувам од било кој граѓанин и така и ќе се однесувам, исто како и граѓаните. Сметам дека здравствениот систем не е подговтвен и свесни сме во која ситуација е , има добри стручни лица, но додека се соочуваме со проблем на средства за дезинфекција и маски и со тоа да се изолираат луѓето на границите, тоа е риунирање на системот. Имаме кадри, но не се менаџира како што треба. Почнаа со Таравари работите да одат на позитивен пат, но не гледам дека нешто е сработено во здравствениот систем – рече претседателот Алијанса на Албанците.