🎥 СЕ СТАБИЛИЗИРА ВОДОСНАБДУВАЊЕТО НА БИТОЛА Се полнат резервоарите, притисокот во високите населби е намален
Во моментов резервоарите постепено се полнат и системот контролирано се стабилизира, со цел да не дојде до нагли промени на притисокот и појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа, соопшти вечерва директорот на ЈКП Водовод Битола, Андреј Гинов.
По отстранувањето на дефектот на пумпната станица, водоснабдителниот систем во Битола постепено се враќа во нормален режим на работа, соопшти вечерва директорот на ЈКП Водовод Битола, Андреј Гинов.
– Во моментов резервоарите постепено се полнат и системот контролирано се стабилизира, со цел да не дојде до нагли промени на притисокот и појава на хидрауличен удар во водоснабдителната мрежа. Поради тоа, во одредени, особено повисоки делови од градот, притисокот сè уште може да биде намален. Со постепеното достигнување на потребното ниво во резервоарите, притисокот ќе се стабилизира и ќе се врати на вообичаените вредности – рече Гинов.
Екипите на ЈКП Водовод – Битола се постојано на терен и континуирано ја следат состојбата на водоснабдителниот систем.
МОЖЕ ДА СНЕМА ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА Има прекин на струјата во пумпната станица „Довлеџик“