МОЖЕ ДА СНЕМА ВОДА ВО ДЕЛОВИ ОД БИТОЛА Има прекин на струјата во пумпната станица „Довлеџик“
Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови од Битола и прекин во водоснабдувањето, информира Јавното комунално претпријатие Водовод Битола.
Поради електричен проблем на пумпната станица „Довлеџик“, привремено е запрено снабдувањето со сурова вода, информира Јавното комунално претпријатие Водовод Битола.
Ова може да предизвика намалување на нивото во резервоарите, пад на притисокот, а во повисоките делови од Битола и прекин во водоснабдувањето.
Екипите на ЈКП Водовод Битола, во координација со надлежните институции, работат на отстранување на проблемот, соопшти претпријатието.
За повторно воспоставување на редовното водоснабдување, јавноста ќе биде навремено известена.