🎥 САБАЛЕНКА ИЗГУБИ ОД 35-ТО РАНГИРАНА ТЕНИСЕРКА Чехињата Сара Бејлик ќе се соочи со Медисон Кис во четвртфиналето

40

Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути.

Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест брејк топки.

Нејзината противничка сервираше три аса, не направи двојни грешки и реализираше пет од своите 11 брејк топки.






Бејлек ќе се соочи со Американката Медисон Кис во четвртфиналето.

Наградниот фонд на турнирот изнесува 7,4 милиони долари.

Поврзани содржини