НЀ ОЧЕКУВА ПЕКОЛЕН ДЕН, ТЕМПЕРАТУРИ ДО 39 СТЕПЕНИ Еве каде беше најжешко утринава

И во наредниот период продолжува топлото време, но за време на викендот се очекува промена на временската состојба.

51

Според УХМР во Берово ова утро се измерени 16 степени, и тоа е најниската утринска температура во земјава. Кавадарци со 26 степени, утрово во 8 часот е најтоплото место во Македонија. Во Скопје се измерени 22 степени Целзиусови.

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.






Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните ќе достигнат од 33 до 39 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 19 степени, а максималната дневна ќе достигне 38 степени.

И во наредниот период продолжува топлото време, но за време на викендот се очекува промена на временската состојба. На места ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а изолирано се можни и невремиња со силен ветер и град.

Температурите и понатаму ќе бидат високи, а наместа дневната температура се очекува да надмине и 40 степени.

Поврзани содржини