СЕ ПОРОДИ КАРДИ БИ Нивната прва фотографија е „вест на денот“, еве и зошто (ФОТО)
Една од најтурбулентните врски во светот на славните ја доби втората круна, а Карди Би и Офсет станаа родители по вторпат!
Раперката Белкалис Алманзар, позната како Карди Би, се породи и на свет го донесе своето второ дете.
Таа со сопругот Офсет веќе ја има ќерката Калчр, а круната на нивната љубов пристигнала на 4 септември.
Карди родила момче и објавила фотографија со Офсет и бебето на својот инстаграм-профил. Тие двајца, дури и во болнички кревет сакаат да бидат опкружени со луксуз, па се покриени со ќебе од модната марка „Луј Витон“. Многумина го коментираат токму тој детаљ, големото ќебе на „Луј Витон“.
View this post on Instagram
„Веќе и семејството и пријателите толку многу го сакаат. Одвај чекаме да го запознаеме со браќата и сестрите“, рекол парот во изјавата за „Пипл“.
Инаку, Офсет покрај ќерката Калчр, која ја добил со Карди, од претходните врски има три деца – Џордан, Коди и Кали.
Карди во јули потврди дека го чека второто дете, така што објави гола фотографија на која е покриена со бела боја и се држи за трудничкиот стомак.
View this post on Instagram
Истиот ден се појави во „Долче и Габана“ комбинезон на доделувањето на БЕТ наградите, придружувајќи му се на Офсет и на неговата група „Мигос“ во текот на перформансот.
Медиумите многупати пишуваа за неверството на Офсет, а јавна тајна е дека раперот ја изневери Карди многу брзо откако се родила Калчр. Тогаш се разделија, но не засекогаш.
Иако се појавија гласини дека Офсет чека бебе со друга жена, Карди го демантираше тоа и истакна дека тој не ја ни изневерил.
ФОТО: Инстаграм