СДСМ СЕ ПОЖАЛИ ЗА ПОТРОШУВАЧКАТА КОШНИЧКА, СТИГНА ОДГОВОР Владата постојано ги зголемува платите

Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%. Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%. Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%, одговори ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата дека потрошувачката кошничка во март пораснала за 836 денари.

414

Добро е што СДСM конечно ги тргна розевите очила и виде во каква состојба ја оставија државата во последните седум години, реагира ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од Богданка Кузеска од СДСМ дека потрошувачката кошничка во март пораснала за 836 денари.

ВМРО-ДПМНЕ вели дека владата постојано ги зголемува платите со што се подобрува животниот стандард.






„Прво, припадниците на МВР добија зголемување на платите за 10%. Второ, вработените во основните и средните училишта добија зголемување на платите за 7%, или за мандатот во образование платите ќе се зголемат за 46%. Трето, во здравството се зголеми капитацискиот бод за матичните лекари и гинеколозите за речиси 40 проценти, додека за стоматолозите околу 25%. За период од четири години предвидено е зголемување на платите во здравството до 50%“, се вели во партиската реакција и се додава дека „пустошот кој го остави СДСМ не се поправа преку ноќ“.

 

Претходно, Кузеска од СДСМ обвини дека владата нема начин како да се справи со зголемените цени на производите и дека новиот начин на пресметување на минималната потрошувачка кошничка за тричлено наместо за четиричлено семејство е „шминка“.

Кузерска вели дека дека индикатор за лошата состојба е и проекцијата од Меѓународниот монетарен фонд дека БДП на Македонија оваа година ќе порасне за 3,2% и дека земјата ќе има инфлација од 3,4% . Таа обвини и дека до 8 април, наводно, реализирани се едвај 10% проценти од планираните капитални проекти.

– Тоа е дури за 50% помалку од истиот период лани, кога реализацијата изнесуваше 15,6 проценти – изјави Кузеска на партиска прес-конференција.

 

Поврзани содржини