СДСМ ГО НАПАЃА ТОШКОВСКИ ЗАТОА ШТО АПСИ КРИМИНАЛЦИ Нема веќе недопирливи, реагираше ВМРО-ДПМНЕ

Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија! Едно е јасно, СДСМ го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДСМ ги толерира, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

255

Во СДСМ остануваат глуви при уши и слепи при очи, обвини ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Речиси секојдневно јавноста е информирана за истрагата што се врши во контекст на случајот во Кочани. Надлежните тоа го прават во рамки на законските овластувања. Се разбира ако СДСМ воопшто знаат што е работа согласно закон и процедура. Според приложеното од СДСМ не знаат ништо, ниту кој води истрага, ниту која институција какви надлежности има, се разбира и да ги прашаме кој за што е задолжен ако го имаме во предвид пресот нема го знаат тоа. Ваква сеопфатна истрага досега немало ниту за еден случај, како од аспект на вклученост на сите, така и од аспект на ажурност на сите. За тоа каде е СДСМ се гледа од нивните пресови. Денеска пратеник од Прилеп излегува и бара одговорност од Панче Тошковски. Каква иронија! Едно е јасно, СДСМ го напаѓа Панче Тошковски затоа што апси криминалци кои СДСМ ги толерира. Сега од постапките се гледа дека недопирливи нема, владеењето на правото е безусловно“, се вели во реакцијата.

Поврзани содржини