РУБИО СТАНА В.Д. АДМИНИСТРАТОР НА УСАИД Стејт департментот ќе и биде „газда“ на агенцијата

Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.

1,076

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска соопшти дека ја презел функцијата вршител на должноста администратор на американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), потврдувајќи го де-факто преземањето на хуманитарната агенција од страна на Стејт департментот.

Како што јави Си-Ен-Ен, веста доаѓа неколку часа откако Илон Маск, најбогатиот човек на светот задолжен за реконструкција на федералната влада, рече дека претседателот Доналд Трамп потпишал затворање на агенцијата.






Рубио рече дека „функциите на УСАИД“ мора да се усогласат со надворешната политика на САД и оти таа е „агенција која воопшто не реагира“.

– Таа треба да одговори на политичките директиви на Стејт департментот и одбива да го стори тоа – тврди тој.

Поврзани содржини