📽️ РУБИО ГО „СКЕНИРАШЕ“ ТАВАНОТ ВО ПЕКИНГ Реакцијата на државниот секретар на САД стана хит

Американскиот државен секретар Марко Рубио стана хит на социјалните мрежи по реакцијата во Големата народна сала во Пекинг. Снимката на која со восхит гледа кон таванот брзо се прошири на Икс и на кинеските платформи.

156

Во пресрет на средбата меѓу Доналд Трамп и Си Џинпинг, камерите го уловија државниот секретар на САД Марко Рубио како зачудено гледа кон раскошниот таван на салата за состаноци во Пекинг. Рубио со прст покажа на таванот додека разговараше со Пит Хегсет.

Дел од медиумите се пошегуваа дека Рубио  „технички се наоѓа под кинески санкции“.

 

Поврзани содржини