Ракометната федерација ги исклучи од своите редови Начевски и Хајредин
Начевски и Хајредин се исклучени поради дисциплински постапки поднесени од поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска и комесарот за натпревари при РФМ, Славе Николов. .
Ракометната федерација ги исклучи од своите редови Маријан Начевски делегат контролор и Агрон Хајредин, овластено лице на РК Работнички.
На Начевски му е изречена дисциплинска санкција: исклучување од Ракометната федерација на Македонија врз основ на доставена пријава од член на УО на РФМ и поранешна репрезентативка Мирјета Бајрамоска.
„Како причина за поднесената пријава наведени се вербални навреди упатени кон подносителот на пријавата, од страна на пријавениот, изнесени на агресивен начин и со висок тон, вклучително погрдни и недолични навреди кон федерацијата, националните селекции, играчите, и други личности прозвани во отсуство, за време на меѓународен репрезентативен настап, на кој пријавениот присуствувал без соодветна акредитација. При давањето исказ пред Дисциплинската комисија на РФМ, пријавениот продолжил со истата недолична реторика обраќајќи се кон претседателот на комисијата агресивно, со висок тон, навредливи и недолично употребувајќи вокабулар од типот: ќе те колам“, стои во известувањето на РФМ.
Агрон Хајредин, пак, е исклучен поради дисциплински престап пријавен од страна на комесарот за натпревари при РФМ, Славе Николов.
Од РФМ порачуваат дека угледот на федерацијата, како во државата така и во странство, во сите меѓународни ракометни институции и чинители во ракометниот спорт воопшто, е обврска на сите членови на Ракометната федерација на Македонија