РАКЕТАТА ШТО НАПРАВИ КРАТЕР ОД 10 МЕТРИ ВО ПОЛСКА БИЛА РУСКА Станува збор за моќна ракета што може да носи нуклеарна боева глава
Објектот се урна во ненаселена област во близина на селото Тарнава Колонија, 90-ина километри јужно од Лублин, каде што рано утрото се огласија сирените за аларм. Нема повредени во инцидентот.
Полска потврди дека проектилот што се урна во близина на нејзината граница со Украина бил руска крстосувачка ракета – јави ДПА.
– Разговарав со шефот на операциите, генерал Иренеуш Новак, и можеме со целосна сигурност да потврдиме дека станува збор за руска ракета Kh-101 – изјави синоќа заменик-министерот за одбрана Цезари Томчик за радиостаницата „Рмф.фм“.
Полскиот функционер додаде дека оваа ракета е потенцијално многу опасна и може да носи и нуклеарни бојни глави.
Полската војска вчеараутро соопшти дека неидентификуван летачки објект влегол во воздушниот простор на НАТО и се урна на полска територија за време на силните руски воздушни напади врз соседна Украина во текот на ноќта.
Објектот се урна во ненаселена област во близина на селото Тарнава Колонија, 90-ина километри јужно од Лублин, каде што рано утрото се огласија сирените за аларм.
Според војската, борбен авион „Ф-16“ бил испратен да го идентификува, но проектилот потоа исчезнал од радарот. Екипажот на хеликоптер подоцна го идентификува местото на падот.
Полициските службеници подоцна пронајдоа кратер со дијаметар од 10 метри во близина на Тарнава Колонија. Нема повредени во инцидентот.
Владата во Варшава првично само изјави дека се сомнева оти објектот е руска ракета и дека истрагата е во тек.
🎥 НЕИДЕНТИФИКУВАН ОБЈЕКТ ПАДНА И ЕКСПЛОДИРА ВО ПОЛСКА Се испитува дали е крстосувачка ракета