ПУКАЛ НА СЕМЕЈНА ВЕСЕЛБА, ОШТЕТИЛ ПОКРИВ ОД КУЌА Полицијата му нашла во дворот неколку чаури
Маж од Боговиње пукал на семејна веселба, а куршумите оштетиле покрив на куќа, соопшти полицијата.
Мажот, Т.С. (60) е лишен од слобода денеска (06.08.2026) поради основи на сомнение дека на 05.08.2026 околу 23:00 часот пукал на семејна веселба, а еден од куршумите оштетил покрив на куќа на Б.Л.(66) од селото Синичане, Тетовско.
По добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на Т.С., при што во дворот биле пронајдени три чаури калибар 9 мм и две чаури од гасен пиштол. Во врска со случајот, извршен е претрес и во дом на Ф.М. (50) во селото Боговиње, при што во дворот биле пронајдени чаури од гасен пиштол.