🎥 ЛЕПА БРЕНА ПАДНА НА КОНЦЕРТОТ ВО БУДВА Реакцијата на регионалната музичка ѕвезда ја воодушеви публиката
Пејачката Лепа Брена доживеа незгода на својот концерт во Будва, кога падна на сцената за време на изведбата на една песна. Наместо да паничи или да ја прекине програмата, пејачката уште еднаш покажа дека е вистински професионалец.
Концертот на регионалната музичка ѕвезда Лепа Брена во Будва ќе остане запаметен не само по спектакуларната атмосфера и бројната публика, туку и по незгодата што ѝ се случи среде настап. Имено, пејачката изгуби рамнотежа и падна на сцената пред очите на публиката.
Инцидентот се случи додека Брена изведуваше еден од своите препознатливи сценски потези. Таа високо ја крена ногата, но во следниот момент ја загуби рамнотежата и заврши на подот. Публиката за миг остана без здив, а членовите на нејзиниот тим веднаш притрчаа да ѝ помогнат.
Сепак, легендарната пејачка уште еднаш покажа зошто со децении важи за една од најголемите професионалки на балканската музичка сцена. Со насмевка на лицето ја прифати помошта, веднаш стана и продолжи да пее како ништо да не се случило. Публиката ја награди со силен аплауз и овации, додека десетици присутни го снимија моментот со своите мобилни телефони.
View this post on Instagram
Ова не е првпат Лепа Брена да изгуби рамнотежа за време на настап. Во својата повеќедецениска кариера неколкупати се случуваше да се сопне или да падне на сцената, но секогаш успеваше да стане и да продолжи со настапот.
Еден од најпознатите инциденти се случи уште во осумдесеттите години, кога за време на енергична кореографија со коленото се удри во главата и падна на сцената.
Сличен момент се случи и во 2017 година на концерт во Пловдив, кога се сопна додека изведуваше песна, но веднаш продолжи да пее.
Најсериозната повреда, сепак, ја доживеа во загрепската Арена, кога го скрши скочниот зглоб. И покрај силната болка, Брена ниту тогаш не го прекина концертот.