ПРВО ГИ ТЕШЕШЕ МАРОКАНЦИТЕ, ПА СКОКАШЕ ОД РАДОСТ СО ФРАНЦУЗИТЕ Макрон влегол во соблекувалните на фудбалерите (ВИДЕО)

Финалето меѓу Франција и Аргентина се игра в недела со почеток од 16 часот, додека, пак, во исто време ден претходно Мароко и Хрватска играат за трето место на Мундијалот.

892

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа не издржал да не им се придружи на француските фудбалери во соблекувалната, откако репрезентацијата на Франција по втор пат по ред се пласираше во финалето на Светското првенство.

Истата вечер Макрон направил уште еден убав гест – пред да влезе во соблекувалната на „Триколорите“, тој влегол во соблекувалната на поразените Мароканци, им честитал за храбрата игра, а посебно му честитал на Софијан Амрабат нарекувајќи го „најдобриот фудбалер на Светското првенство во Катар“.






Во славеничката просторија, пак, Макрон бил срдечно пречекан од среќните француски фудбалери, па и тој заедно со нив го прославил пласманот во финалето.

Финалето меѓу Франција и Аргентина се игра в недела со почеток од 16 часот, додека, пак, во исто време ден претходно Мароко и Хрватска играат за трето место на Мундијалот.

Во продолжение, погледнете го видеото од славјето во соблекувалната:

Поврзани содржини