ПРОПАДНА ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА ИСКОП ВО РЕК „БИТОЛА“ Најавен нов тендер со олеснети критериуми, откако никој не ги исполнил условите

Новите услови ќе бидат олеснети за да се овозможи учество на поголем број економски оператори, но истовремено ќе бараме поголема техничка опременост на компаниите, со цел да го зголемиме квалитетот и обемот на услугата“, потенцираат од АД ЕСМ.

824

Пропадна изборот на нов економски оператор за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“, повик кој беше објавен на 13 декември минатата година, информира АД ЕСМ.

Според Комисијата за јавни набавки, ниту една од доставените понуди не ги исполнувала целосно условите наведени во огласот.






„Критериумите во делот на техничко-професионалната способност, особено оние поврзани со референци за ископ, драстично ја ограничија конкуренцијата“, велат од ЕСМ преку соопштение. Според нив, условите за доставување референци, како минимум еден ископ од 500.000 тони јаглен и 3 милиони кубни метри земјени маси во последните три години, биле пречка за голем број компании.

Во текот на неделава, ЕСМ ќе објави нов јавен повик со изменети критериуми.

„Новите услови ќе бидат олеснети за да се овозможи учество на поголем број економски оператори, но истовремено ќе бараме поголема техничка опременост на компаниите, со цел да го зголемиме квалитетот и обемот на услугата“, потенцираат од компанијата.

Одложувањето на изборот, како што велат од ЕСМ, нема да влијае на тековниот договор со привремениот изведувач.

„Сите активности ќе се одвиваат според предвидените рокови, а новиот договор ќе биде склучен пред исцрпување на вредноста на постојниот“, велат од ЕСМ.

Новата постапка ќе биде отворена за доставување понуди во рок од 20 дена, по што се очекува изборот на нов изведувач.

Поврзани содржини