ПРОНАЈДЕНО ТЕЛО НА МРТВА ЖЕНА ВО КАЛИМАНСКО ЕЗЕРО Претходно била пријавена за исчезната
Во водите на Калиманско Езеро е е пронајдено мртвото тело на Д.А.(58) од Македонска Каменица која била пријавена за исчезната, соопшти полицијата.
Смртта ја потврдил лекар кој констатирал дека нема видливи траги на насилство, а телото на починатата е предадено на семејството.
Полицијата соопшти дека жената претходно била пријавена за исчезната.