ПРОГЛАСЕНА ЕПИДЕМИЈА НА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Досега се потврдени 26 заболени од вирусот

Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.

280

Институтот за јавно здравје и Центарот за јавно здравје од Скопје прогласија епидемија на западнонилска треска во повеќе делови од главниот град на Македонија.

Епидемија е прогласена во следните делови од Скопје: Кисела Вода кај Пржино, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Илинден, Драчево, Идризово, Јурумлери и Трубарево.






Заменик министерот за здравство, Јовица Андовски порача дека нема место за паника, туку има потреба од внимателност и одговорност, односно граѓаните да преземаат мерки за лична заштита, носење соодветна облека, како и избегнување на места каде е најголема изложеноста на комарци.

Во однос на возрасната категорија, д-р Марија Гочевска од Институтот за јавно здравје посочи дека 22 лица се на возраст над 60 години.

– Станува збор за автохтони случаи од нашата држава, а едно лице патувало во Грција. Сите случаи се со невроинвазивна форма, појасни д-р Гочевска.

Директорот на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, д-р Фадил Цана информираше дека пациентите се третираат на клиниката која располага со капацитети и соодветна дијагностика.

– Четворица пациенти се водат како суспектни и во тек е дијагностичка постапка. Осум пациенти се испишани на домашно лекување, но за жал, морам да информирам дека 83-годишен пациент е починат. Пациентот имаше и други заболувања, истакна д-р Цана.

Д-р Златко Арсениевски од Центарот за јавно здравје Скопје информираше дека вчера е прогласена епидемија на одредени зафатени општини во градот Скопје, како што се Кисела Вода, Гази Баба, Аеродром, Бутел и Илинден, како и зафатени населби како Драчево, Пржино, Долно Лисиче, Кадино, Јурумлери.

Здравствените власти препорачуваат граѓаните да ставаат мрежи, да се прскаат со средства и да не излегуваат кога заоѓа сонцето и рано наутро.

Во моментов регистрирани се 26 случаи од страна на ИЈЗ, а за 24 се потврдени дека се носители на вирусот. 25 се од Скопје, а еден е од Велес.

Станува збор за повозрасни мажи над 60 години, кој претежно работеле земјоделско градинарски работи во приквечерните и раноутринските часови.

На Клиниката за инфективни болести, досега се регистрирани 29 пациенти, од кои 5 се во тешка состојба и се на механичка вентилација. Од вирусот викендот починал 83-годишен маж кој имал и пропратни болести.

 

Поврзани содржини