ПОЧИНА 83-ГОДИШЕН МАЖ СО ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Пациентот имал и други хронични заболувања

Здравствените власти апелираат на посебно внимание и превенција кај повозрасните лица и хронично болните, со оглед на тоа што кај овие категории постои значително поголем ризик од развој на потешка форма на болеста.

0

Осумдесет и тригодишен пациент со повеќе хронични заболувања починал откако му била дијагностицирана и западнонилска треска.

Здравствените власти апелираат на посебно внимание и превенција кај повозрасните лица и хронично болните, со оглед на тоа што кај овие категории постои значително поголем ризик од развој на потешка форма на болеста.






Во последните 15 години во Македонија се евидентирани вкупно пет смртни случаи поврзани со вирусот на западнонилска треска.

Од Министерството за здравство денеска се очекуваат официјални информации за здравствената состојба на останатите заболени, како и податоци за евентуални нови случаи на заразени со овој вирус.

Поврзани содржини