ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва на вирусот
Според директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, во моментот се хоспитализирани 7 пациенти, од кои двајца се во критична состојба.
Mаж на возраст од 70 години викендов починал од западнонилска треска на Клиниката за инфективни болести, каде се лекувал 57 дена.
Починатиот е од скопската населба Аеродром.
Според директорот на Инфективната клиника, д-р Фадил Цана, во моментот се хоспитализирани 7 пациенти, од кои двајца се во критична состојба.
Пред 3 дена во болницата беше регистриран нов случај на заболен со што бројот на пациенти на клиниката кои досега оваа сезона се лекуваа од западнонилска треска изнесува 67. Последниот пациент е од Росоман, а другите се главно од Скопје.
Досега се регистрирани вкупно 67 случаи со невроинвазивна форма на болеста се хоспитализирани на Клиниката, од кои 10 се починати, 50 се излекувани, а седум во моментот се во оваа јавна здравствена установа.