ПРИВЕДЕНИ 7 ЛИЦА ЗА ПАЛЕЊЕ ОБЈЕКТ НА ЕВРЕЈСКАТА ЗАЕДНИЦА Двајца од уапсените се гонат за тероризам

Извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

129

Министерството за внатрешни работи соопшти дека го расчистило случајот со обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје на 12.04.2026 околу 04:50 часот.

„Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со СВР Скопје и Агенцијата за национална безбедност, при што во изминатиот период беа преземени повеќе оперативно- тактички мерки на подрачје на град Скопје.

На 30.04.2026, по претходно обезбедени наредби за вршење претрес на дом и други простории, извршени се претреси на 13 локации на територија на Скопје, при што приведени се седум лица и одземени се предмети и електронски уреди поврзани со кривичното дело.

По наредба на јавен обвинител, лицата се задржани за понатамошна постапка, по што од страна на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава против А.Љ (21) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам” по член 394-б и А.Р. (38) од Скопје поради основи на сомневање за сторено кривично дело „тероризам” по член 394-б од КЗ во врска со член 24 од КЗ, а од страна на судија на претходна постапка одредена им е мерка притвор“ – соопшти МВР.

Поврзани содржини