ПРИНЦОТ И ПРИНЦЕЗАТА ОД ВЕЛС СО СЕМЕЈНО ФОТО ОДБЕЛЕЖАА 15 ГОДИНИ БРАК Еве ги точните детали за облеката што ја носи Кејт Мидлтон на фотографијата
Принцот и принцезата од Велс објавија фотографија по повод 15-тата годишнина од бракот. На сликата се гледа парот како лежи на трева со своите три деца и нивните кучиња. Особено внимание медиумите посветија на облеката која ја носи Кејт Мидлтон
Принцот Вилијам и принцезата од Велс, Кејт Мидлтон, објавија фотографија по повод нивната 15-та годишнина од бракот. На сликата се гледа парот како лежи на трева со своите три деца, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луис, и нивните кучиња.
Парот се венча на 29 април 2011 година во Вестминстерската опатија во Лондон, а заедно се од 2003 година. Сликата беше споделена на Инстаграм заедно со емотикон во форма на срце и натпис: „Прослава на 15 години брак“.
Секако, љубителите на модата брзо го препознаа изгледот на Кејт Мидлтон. Ретко погрешувајќи во стилот на облека, принцезата може да се види како носи класична пролетна комбинација, стилизирајќи бретонски плетен топ со бели т.н. цигарет панталони.
Станува збор за класична маица со долги ракави и сино-бели риги, по потекло од Бретања, Франција, каква што пред да стане култно парче гардероба, носеле морнарите. Симболизира француски шик, стил и едноставност. Оваа на фотографијата е од американскиот бренд Veronica Beard, изработена е од кашмир и има ребрести рабови и кратки ракави.
Што се однесува до пантолоните, Кејт се навраќа на еден од нејзините омилени британски брендови, Holland Cooper.
Од еластичен памучен материјал, панталоните се дизајнирани да бидат прилагодливи на телото, но удобни.
Индепендент пишува дури и каде можат да се купат овие парчиња облека и по која цена.
View this post on Instagram