ПРЕСТРЕЛКА НА ВЛЕЗОТ ВО СКОПСКО МОРАНИ Едно лице е повредено
Полициски службени од СВР Скопје, информираат од МВР, се наоѓаат на местото на настанот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
Во престрелка што денеска се случи на влезот во скопското село Морани, општина Студеничани, е повредено едно лице, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Денеска во 15:15 часот во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е пријавено дека на влез во селото Морани, скопско е пукано со огнено оружје при што едно лице се здоби со повреди. Пренесено е во болницата Свети Наум Охридски во Скопје за укажување на помош“, се вели во соопштението на полицијата.
Полициски службени од СВР Скопје, информираат од МВР, се наоѓаат на местото на настанот и преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.