ПОВТОРНО СЕ АКТИВИРАШЕ ПОЖАРОТ НАД ШТИП На терен се пожарникарите и еден од „Ер тракторите“
Членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни пертпријатија со градежна механизација исто така се излезени на тешкиот терен.
Повторно се активираше пожарот над штипската населба Кадидаре. Во моментов горат лозја во викенд населбата Кумлак. Има изгорено и една викенд куќа, а повреден е и сопственикот кој веднаш е пренесен во Штипската клиничка болница.
На терен се пожарникарите од Територијалната противпожарна екипа од Штип, членови на Доброволното друштво ДПД Штип, како и екиупи на штипски јавни перторијатија кои со помош на градежна механизација прават пресеци и пробиваат патишта бидејќи станува збор за тежок непристапен терен.
Како што информира допосничката на МИА од Штип, на теренот надлетува и еден од „Ер тракторите“.