🎥 ОД АЕРОДРОМ СО ЉУБОВ Тони Зен ѝ посвети песна на својата населба, а спотот му го посвети на Мац

Ова е за сите мои другари од Аеродром, кои ги почитувам од првите школски денови, до ден денес, напиша раперот Тони Зен во објавата на, како што вели, новата химна „Од Аеродром со љубов“.

0
– Поздрав од моето маало до сите маала низ Македонија. Благодарност до сите вие кои ме поддржавте и придонесовте за ова да се реализира, ова е за Аеродром, ова е за Марјан Михајловски, ова е за сите мои другари од Аеродром, кои ги почитувам од првите школски денови, до ден денес – напиша раперот Тони Зен во објавата на, како што вели, новата химна „Од Аеродром со љубов“.⚪️
Станува збор за новиот проект на еден од најпознатите македонски рапери, Тони Зен, насловен како „Од Аеродром со љубов“, кој уште на прво слушање се наметнува токму онака како што намислил и авторот – како  нова урбана химна на неговота населба Аеродром.

Спотот за песната Тони му го посветува на Марјан Михајловски-Мац, еден од најголемите и најпрепознатливите навивачи, легенда на клубот МЗТ Скопје Аеродром, кој почина пред две години.






Песната и спотот претставуваат емотивно патување низ стихови, со автентични маалски кадри и квалитетен бит, вистинска емотивна разгледница преполна со носталгија, локален патриотизам и почит кон луѓето со кои пораснал и кои го обликувале неговиот карактер.

 

Поврзани содржини