ВОЗНЕМИРУВАЧКО 📽️ ПАДНА ОД 12. КАТ, НЕ ВЕРУВАА ДЕКА Е ЖИВА Тинејџерка во Турција избегна трагедија

Четиринаесетгодишната Екрин Дениз Караџа паднала од 12. кат на станбена зграда во турскиот град Адана додека ги чувала помалите браќа и сестри. И покрај страшниот пад, девојчето преживеало и нејзиниот живот не е во опасност.

659

Пад од 12. кат што можел да заврши трагично се претворил во вистинско чудо во турскиот град Адана. Четиринаесетгодишната Екрин Дениз Караџа преживеала откако паднала од висока станбена зграда додека ги надгледувала своите помали браќа и сестри.

Според турските медиуми, девојчето се навалило од прозорецот за да ги види децата кои си играле во дворот. Во еден момент ја изгубило рамнотежата и паднало, најпрво на покривна конструкција, а потоа и на бетонска подлога.






– Се навали премногу, ја изгуби рамнотежата и падна. Нејзината мајка слушна силен тресок. Кога излезе, ја виде како лежи на земја – раскажал таткото на Адана.

Моментот на падот бил снимен од безбедносните камери на зградата, а случаен минувач веднаш повикал помош. По укажаната прва помош, девојчето било пренесено во болница, каде лекарите констатирале дека се здобила со скршеница и пукнатина на ногата.

Повредите не биле животозагрозувачки. Нејзиното семејство вели дека закрепнува успешно, а случајот предизвика големо внимание во Турција поради неверојатниот исход од несреќата.

– Нашите соседи, кои случајно беа здравствени работници, веднаш ѝ пружија прва помош. Потоа ја однесовме во болница. За среќа, нема трајни повреди – додал таткото.

Поврзани содржини