ДОЈДЕ ДА ГЛАСА ВО БАЊАРКА, СО КУЧЕ И СО КАТЕТАР!? Несекојдневен гласач во Нов Белград

Како што објави српскиот портал „Мондо“, граѓанинот пристигнал на гласачкото место кратко време по хируршката интервенција.

189

Несекојдневна сцена го привлече вниманието на избирачкото место во населбата Белвил, во Нов Белград, каде што маж дошол да гласа облечен во бањарка, со мало куче во рацете и со поставен медицински катетер, непосредно по операција.

Како што објави српскиот портал „Мондо“, граѓанинот пристигнал на гласачкото место кратко време по хируршката интервенција. И покрај здравствената состојба и отежнатото движење, тој одлучил лично да го оствари своето избирачко право.






Според информациите од местото на настанот, мажот имал можност да гласа од дома, но сепак избрал да дојде на избирачкото место и да го даде својот глас на парламентарните избори во Србија.

Неговото појавување во бањарка, со кучето и медицинскиот катетер, предизвикало изненадување кај присутните и станало една од необичните сцени што го одбележаа изборниот ден.

Избирачките места низ Србија се отворени до 20 часот, а граѓаните гласаат за избор на нов состав на парламентот.

Поврзани содржини