ПОЕВТИНУВАЊЕТО ПРОДОЛЖУВА ДО 18 МАЈ Владата и ОКТА со нов попуст на горивата

Попустот изнесува 3 денари за дизел и 2 денари за бензините, како дел од мерките за ублажување на ценовната криза.

0

Владата ја информира јавноста дека, по разговори со ОКТА и со цел ублажување на ценовните притисоци врз граѓаните и стопанството, попустот на горивата се продолжува до 18 мај 2026 година.

Станува збор за мерка со која се обезбедува намалување на малопродажните цени, при што попустот изнесува 3 денари по литар за дизел горивото и 2 денари по литар за бензините од 95 и 98 октани.

Од Владата порачуваат дека остануваат посветени на носење навремени и ефективни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, особено во услови на увезена ценовна криза и глобални енергетски предизвици.

„Во координација со надлежните институции и економските оператори ќе продолжиме да ги следиме состојбите и да реагираме соодветно, со цел обезбедување стабилност и предвидливост на пазарот. Грижата за граѓаните и поддршката на економијата остануваат наш врвен приоритет“, наведуваат од Владата.

Поврзани содржини