ПЛУКАВ ПРЕД ДИКАПРИО Џенифер Лоренс го скршила забот и го голтнала пирсот (ВИДЕО)
Холивудската актерка Џенифер Лоренс во филмот „Don’t Look Up“, игра заедно со Леонардо Дикаприо. Таа неодамна откри дека имала незгоди на снимањето.
Во новиот филм на „Нетфликс“ „Не гледај горе“ (Don’t Look Up) Џенифер Лоренс (31) и Леонардо Дикаприо (47) се појавуваат во улоги на астрономи кои откриваат опасна комета која брза кон Земјата. На њујоршката премиера на филмот, Лоренс проговори за незгодите кои ги доживеала на снимањето.
„Го изгубив забот прилично рано на сетот. Не можев да одам на стоматолог до крајот на филмот, па морав да го снимам најголемиот дел од филмот без заб“, изјави оскаровката за „Варијети“, на која ова не ѝ била прва незгода на овој филм.
Имено, Џенифер глуми откачена астрономка кој има два пирса во носот, со кои имала големи проблеми.
– Едниот од нив е само закачен, а другиот е магнет. Многу, многу пати случајно го вдишав тој магнет и морав да го исплукам пред Леонардо Дикаприо – открила Џенифер.