ПИЈАН ПОЛИЦАЕЦ ПРЕДИЗВИКА СООБРАЌАЈКА Го фатиле со 1,51 промили зад волан
49-годишен полициски службеник од Битола со 1,51 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода.
Полициски службеник од Битола се најде под кривична истрага откако пијан седнал зад волан и предизвикал сообраќајна несреќа на патот кон Новаци.
Станува збор за 49-годишниот Ј.С., вработен во полициската станица во Новаци, кој, иако не бил на должност, управувал автомобил под дејство на алкохол. Според информациите, кај него биле измерени 1,51 промили алкохол во крвта.
Инцидентот се случил на 24 октомври 2025 година во попладневните часови, кога тој управувал патничко возило „Хјундаи“ со битолски регистарски таблички и предизвикал сообраќајка.
Против него е поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, а случајот е доставен до Основно јавно обвинителство Битола.