ПЕРЕЗ ХИЛТОН ХОСПИТАЛИЗИРАН ОТКАКО СЕ САМОПОВРЕДУВАЛ ВО ПРЕНОС ВО ЖИВО Блогерот ги вознемири обожавателите, службите веднаш интервенирале

Блогерот предизвикал загриженост кај следбениците со вознемирувачкото видео кое се емитувало во живо, на Тик-Ток, од неговиот дом во Мајами, а полицијата интервенирала по повеќе пријави и повици за помош

0

Познатиот блогер и телевизиска личност Перез Хилтон бил пренесен во болница откако полицијата реагирала по повеќе повици поврзани со вознемирувачки пренос во живо на Тик-Ток. Според американските медиуми, гледачите пријавиле дека тој се повредува за време на емитувањето од неговиот дом во Мајами.

Службата на шерифот на округот Мајами-Дејд потврдила дека добиле повеќе итни повици и дека нивните службеници пристигнале на адресата. Тие утврдиле дека Хилтон бил сам во домот, а поради природата на ситуацијата пристапиле со техники за смирување и внимателна интервенција.






По интервенцијата, Перез Хилтон бил безбедно изведен од домот и пренесен со помош на итната медицинска служба во болница, каде што добива медицинска грижа. Од неговиот тим изјавиле дека се загрижени за неговата состојба и дека здравјето на блогерот и неговото семејство им е најважно.

Перез Хилтон, чие вистинско име е Марио Армандо Лавандира Џуниор, е роден во Мајами, Флорида, а јавноста го запозна како еден од најпознатите блогери за озборувања за славните личности. Тој е татко на три деца, кои ги добил со помош на сурогат-мајки. Во изминатиот период Хилтон се соочи и со сериозни здравствени проблеми – во март помина три недели во болница по компликации предизвикани од земање лекови за грип на празен стомак, што довело до чир, перфорација и сепса. Подоцна откри дека морал да оди и на итна операција поради опасен крвен тромб, а по тие искуства изјави дека многу повеќе сака да биде присутен за своето семејство и дека неговиот поглед кон животот целосно се променил.

Последниот инцидент повторно ја отвори темата за менталното здравје и важноста од тоа, луѓето кои минуваат низ тешки моменти, да побараат помош. Засега нема дополнителни официјални информации за неговата моментална состојба, а неговите блиски побараа јавноста да ја почитува неговата приватност.

Поврзани содржини