ПЕНДАРОВСКИ ЈА ЗАОБИКОЛИ СОБРАНИСКАТА КОМИСИЈА Потпиша укази за амбасадорските места во Бугарија и Белгија без „сослушување“

Претседателот даде зелено светло и за Евгенија Илиева која заминува во Словачката Република,  Агрон Буџаку кој оди во  Канада, а за  Дритон Кучи заминува во Кралството Норвешка.

821

Агнеса Руси Поповска ќе го пополни амбасадорското место во Софија, откако претседателот Пендаровски го потпиша указот за нејзино назначување. Претседателот даде зелено светло и за Методија Белевски како амбасадор во Кралството Белгија, Евгенија Илиева која заминува во Словачката Република,  Агрон Буџаку кој оди во  Канада, а за  Дритон Кучи кој заминува во Кралството Норвешка.

Илиева, Буџаку и Кучи неделава ги презентираа своите приоритети пред собраниската Комисија за надворешна политика.






Пендаровски за назначувањето на Руси Поповска и за Белевски ја заобиколи Комисијата и ги потпиша указите без тие претходно да ги презентираат своите тези пред пратениците од оваа комисија, со која претседава пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.

Ова не е првпат претседателот Пендаровски да ја заобиколи собраниската Комисија за надворешни работи за испраќање амбасадори. Таков беше и случајот со назначувањето на Љубомир Фрчкоски за амбасадор во Обединетите нации во Њујорк.

Поврзани содржини