🎥 ПЕКОЛ ВО ГРЦИЈА, ОГНОТ ГОЛТА ДОМОВИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ! Стотици пожарникари се борат со пламените јазици
Еден од најсериозните пожари избувнал во Ираклион на Крит, каде што огнот започнал во складиште за дрва. Според досегашните информации, најмалку четири куќи и две деловни згради биле зафатени од пламените јазици.
Големи пожари зафатија повеќе делови од Грција, а најкритична е состојбата на островот Крит и во централните региони на земјата, каде што стотици пожарникари, со поддршка од противпожарни авиони и хеликоптери, водат интензивна битка за локализирање на огнената стихија.
Еден од најсериозните пожари избувнал во Ираклион на Крит, каде што огнот започнал во складиште за дрва. Според досегашните информации, најмалку четири куќи и две деловни згради биле зафатени од пламените јазици. Иако пожарникарите соопштуваат дека ситуацијата е делумно ставена под контрола, огнот сè уште не е целосно изгаснат и продолжува да претставува опасност за околните објекти.
Властите потврдија дека во пожарот се оштетени повеќе деловни простории, како и дворови на околните објекти. Снимките од местото на настанот покажуваат огромни облаци густ црн чад кои се издигнуваат над Ираклион и се видливи од голем дел од градот, предизвикувајќи вознемиреност кај локалното население.
Според првичните сознанија, пожарот избувнал на дрвени палети складирани во магацинот, а точната причина за неговото настанување сè уште не е утврдена. Поради големата количина лесно запалив материјал, пламенот за кратко време се проширил и кон соседните објекти, што дополнително ја усложнило интервенцијата.
Веднаш по избувнувањето на пожарот бил активиран националниот систем за предупредување при итни случаи. До жителите било испратено известување со препорака да останат во своите домови, да не се изложуваат на чадот и да ги затворат прозорците и вратите додека трае опасноста.
Во гаснењето на пожарот учествуваат 95 пожарникари со 18 противпожарни возила, а од воздух помага и еден хеликоптер кој постојано интервенира на најкритичните точки.
Во текот на целата операција, Националниот координативен центар за операции и управување со кризи (ESKEDIK) ја следи состојбата во реално време преку беспилотни летала опремени со оптички и термални камери, што им овозможува на службите побрзо да ги лоцираат жариштата и поефикасно да ги насочуваат силите на терен.
🔥 🇭🇷🇬🇷 Forest fires are raging out of control in the Balkans.
The situation is most dire in Greece and Croatia. pic.twitter.com/WZLRzmUCxv
— GREY ZONE (@N_S_K_G_72597) June 24, 2026