ПАД НА ИНФЛАЦИЈАТА ОД 0,5% ВО ЈУНИ На годишно ниво инфлацијата изнесува 3,4%
Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите „транспорт“ за 1,6% и „храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,1%.
Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јуни во однос на мај 2026 година, бележи намалување од 0,5%, а цените на мало од 0,8%. На годишно ново инфлацијата се зголеми за 3,4 %, а цените на мало за 3,6 %, објави Државниот завод за статистика.
Во јуни 2026 година, во однос на мај 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите „транспорт“ за 1,6% и „храна и безалкохолни пијалаци“ за 1,1%.
Зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: „рекреација, спорт и култура“ за 1,4%, „лична нега, социјална заштита и разновидни стоки и услуги“ за 0,5%, „покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата“ и „ресторани и услуги за сместување“ за 0,3 %, „здравствена заштита“ и „информации и комуникации“ за 0,2%, „облека и обувки“ за 0,1 %.
Трошоците на животот во групите „алкохолни пијалаци, тутун и наркотици“, „домување, вода, електрична енергија, гас и други горива“, „услуги за образование“ и „осигурување и финансиски услуги“ остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.