ОБЗНАЕНО ШТО ПРЕДЛОЖИЛ ИРАН, ИМА ОДГОВОР? Техеран фрла дипломатска ракавица во 14 точки
Техеран предлага 30 дена прекин на огнот со САД, наместо продолжено примирје. Од САД се бара укинување на санкциите кон Иран, крај на блокадата во Ормукиот Тесенц и повлекување на американските сили во регионот. Претседателот на САД вели дека го разгледува предлогот, но дека не верува во договор.
Иран предложи радикален пресврт во преговорите со САД. Наместо продолжување на примирјето, Техеран бара двете страни да ги решат разликите во рок од 30 дена и да стават крај на војната. Техеран соопштил дека САД одговориле на предлогот, но САД уште не ја потврдиле или демантирале оваа информација, јавува Би-Би-Си.
Предлогот содржи 14 точки и е испратен преку посредници во Пакистан. Во него се бара укинување на санкциите, прекин на поморската блокада и повлекување на американските сили од регионот.
Иран бара и запирање на сите воени операции, вклучително и акциите на Израел во Либан. Ова го прави планот пообемен од американскиот предлог со 9 точки.
„Топката сега е во дворот на САД, кои мора да одлучат дали сакаат мир или војна“, соопштиле иранските медиуми.
Вашингтон засега е воздржан. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го разгледува предлогот, но изјави дека не верува дека ќе доведе до договор. Разговорите продолжуваат, иако претходниот ирански план бил одбиен. Во сила е кревко тринеделно примирје.
Техеран бара нови гаранции поради, како што тврди, претходни прекршувања и воени дејствија од страна на САД.
Во меѓувреме, тензиите околу Ормускиот Теснец остануваат високи. Иран порачува дека нема да отстапи од својата позиција.
– Ормускиот Теснец му припаѓа на Иран – изјавил Али Никзад, заменик-претседател на иранскиот парламент.
Тој додава дека земјата ќе дозволи премин на бродови во Теснецот што не се поврзани со САД и Израел, но со наплата на такса.
Американските власти претходно предупредија дека таквите плаќања може да доведат до санкции.
Дополнително, од иранскиот врв доаѓа порака дека двете страни се гледаат како победници и не сакаат да попуштат. Исламската револуционерна гарда оценува дека САД имаат ограничен избор.
„Опциите се невозможна воена операција или лош договор со Иран“, соопшти гарда.