📽️ ХЕРОЈОТ СЕ ВИКА МАЈНУ Младата ѕвезда го врати Јунајтед во елитата

Младиот Англичанец реши трилер од пет гола на „Олд Трафорд“. Победа 3:2 што значи враќање во европската елита.

0

Коби Мајну стана херој на „Олд Трафорд“. Со гол во самиот финиш му донесе победа од 3:2 на Манчестер Јунајтед против Ливерпул и го врати тимот во Лигата на шампиони.

Натпреварот понуди вистински ролеркостер. Јунајтед водеше со 2:0 по головите на Матеус Куња и Бенџамин Шешко.

Ливерпул брзо се врати. Доминик Собослаи постигна спектакуларен гол по соло-продор, а Коди Гакпо израмни на 2:2.

Кога домашните почнаа да губат ритам, следеше решавачкиот момент. По нафрлување на Лук Шо, топката стигна до Мајну. Тој реагираше веднаш и прецизно погоди за огромна еуфорија.

 

Мечот го одбележа и инцидент надвор од теренот. Сер Алекс Фергусон бил пренесен во болница откако му се слошило за време на натпреварот.

Победата е клучна и за Мајкл Карик. Привремениот тренер ја заокружи серијата победи против најсилните ривали.

Јунајтед стигна и до првиот „дабл“ против Ливерпул по речиси една деценија.

Ливерпул повторно се соочи со стар проблем. Тимот често прима прв гол и мора да брка резултат.

Поврзани содржини