📽️ КРОКОДИЛ ЛАПНА БИЗНИСМЕН ВО ЈУЖНА АФРИКА? Полицаец се спушти со хеликоптер за да ги извлече остатоците
По поплава во Јужна Африка исчезнал човек, а неговото тело го пронашле во крокодил долг 4,5 метри. Операцијата била ризична и изведена од воздух.
Драматична операција се одвивала во Јужна Африка, каде полицијата извлекувала човечки останки од река полна со крокодили. Постојат сомнежи дека станува збор за бизнисмен кој исчезнал по ненадејна поплава.
Потрагата започнала кога неговиот автомобил бил најден заглавен на надојдена река. Возилото било празно, што укажувало дека човекот бил однесен од силната струја, пишува Би-Би-Си.
Во акцијата биле вклучени дронови и хеликоптери. Полицијата забележала група крокодили, а еден од нив се однесувал необично. По ова сомневање, животното било убиено.
– Освен што имал многу полн стомак, крокодилот не се движел ниту се обидувал да избега – изјавил Јохан Потгитер, полицецот кој беше спушен со хелкиоптер за да го собере крокодилот.
Тој вели дека не е најпаметно да се приближиш до опасниот дел од телото на крокодилот.
Крокодилот бил долг 4,5 метри и тежел околу 500 килограми. Бил пренесен во Националниот парк Кругер.
Во неговите црева биле пронајдени човечки останки. Во тек се ДНК анализи на крвта за потврда на идентитетот.
Покрај тоа, биле пронајдени и 6 различни видови чевли. Ова дополнително ја продлабочува мистеријата.