ОПОЗИЦИЈАТА ЖАЛИ ШТО И ЕВРОСТАТ ГО ПОТВРДИ РАСТОТ НА КУПОВНАТА МОЌ НА ГРАЃАНИТЕ Мицкоски е мотивиран да работи за уште подобра економска состојба

Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, а опозицијата и дел од медиумите ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од ЕУ ие пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, рече премиерот Христијан Мицкоски.

0

Македонија е пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат.

– Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, и повторно, претпоставувам, опозицијата и дел од медиумите ќе жалат и ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и, би рекол, пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните – рече Мицкоски.






Тој додаде дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата.

– Дали е тоа доволно? Не е. Дали ќе работиме за уште повеќе и уште подобро? Апсолутно. Мотивирани сме како никогаш. Тие ќе продолжат да креираат хистерија врз основа на конструкции и лаги, а ние ќе ги засукаме ракавите, како што тоа го правевме и овие 25 месеци, и ќе продолжиме посветено да работиме за земјата и за граѓаните – рече премиерот Мицкоски по потпишувањето на договорите за грант за изградба на пругата од Крива Паланка до Деве Баир.

МАКЕДОНИЈА ПРВА ВО ЕВРОПА ПО РАСТОТ НА КУПОВНАТА МОЌ Прва и по растот на минималната плата

Поврзани содржини